Многу си убава, Анџелина! (најнови фотографии)
31 јули, 20130
Стајлингот кој Анџелина Џоли го избрала за премиерата на World War Z, не остави со широко отворени усти.
Несомнено актерката поседува вроден стил и харизма. Убава, префинета и со велеиченствена појава – таа е една од дамите кои секогаш изгледаат фантастично независно од тоа како е облечена.
На јапонската премиера на филмот Анџи се појави со црн фустан со едно рамо од Сент Лорен. Конкретниот стајлинг е задолжиелен за земјата и минималистичкиот дизај ја направи уште попрефинета и грациозна.
Слободно пуштената коса, мачкастите очи и бледо розовите усни одлично го надополнија нејзиниот стил. Широката насмевка не слегуваше од лицето на убавицата, дојдена да го подржи саканиот.
А Бред Пит? Бред Пит си е Бред Пит – прекрасен како секогаш!