Северина бара половина од богатството на Милан!

30 декември, 20130
16

После долгиот судски спор за тоа на кого ќе припадне старателството над синот Александар, изгледа дојде на ред и поделбата на имотот, а според неофицијални информации, Северина на суд ќе бара половина од богатството на Милан Поповиќ кое се проценува на неколку стотини милиони евра.

“Според хрватскиот закон ако живееш со партнерот две години во вонбрачна заедница и имаш со него дете, стекнуваш право на дел од неговиот имот. Затоа Северина во јавноста постојано истакнуваше дека таа и Милан се заедно, дури и измислуваше дека се верени и сега врз основа на тоа има право на дел од неговиот имот. Северина уште летото ангажирала адвокати да го проценат неговиот имот“ – раскажува извор близок на парот.

Северина на суд ќе се обиде да докаже дека со Поповиќ била две години во вонбрачна заедница, иако тие никогаш не живееле заедно. Се зборува исто така дека Милан неодамна уплатил на нејзина сметка половина милион евра за потребите на нејзината кариера. Пред извесно време Милан и понудил да го исплати нејзиниот кредит од 800 000 евра, и секој месец да плаќа издршка за синот од 10 000 евра, но таа не прифатила.

Foto: Marko Todorović

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *