Во врска со ќерката на неговиот близок пријател – помлада е од него дури 23 години!
28 февруари, 20130
По седум години брак, Марк во 2011 година се разведе од Џенифер, а оттогаш излегува само со помлади девојки.
Пејачот Марк Ентони во јануари ја прекина врската со манекенката Шенон де Лима, но не губел време, сега си пронајде нова љубов.
Се работи за 21-годишната Клое Грин, ќерка на Сер Филип Грин, сопственик на популарниот бренд на облека Topshop. Двојката оваа недела се снимени во Дизниленд каде биле со неговите деца Макс и Ема од бракот со пејачката Џенифер Лопез.
Треба да напоменеме дека Клое нема да има потреба да го запознава својот 44-годишен љубовник со тато, бидејќи тие се долгогодишни пријатели!