Жизел – Еден вистински СУПЕР модел
31 мај, 20130
Жизел едноставно не изгледа како обична мајка на две деца. Супер моделот Жизел Бундхен го покажа своето неверојатно тело на насловната од бразилскиот Вог само неколку месеци после раѓањето на ќерка и Вивиан.
Тајната на убавицата освен во гените лежи и во строгиот режим кој го применува, а подразбира конзумирање здрава и органска храна и секојдневни тренинзи. Таа не одрекува дека дисциплината и волјата се основни фактори во борбата со излишните килограми и стареењето. Жизел вели дека добриот изглед има висока цена, односно лишување од многу нешта, во поглед на храната и поминатите часови секојдневно во теретана.