Шејк за исфрлање на маснотиите
31 декември, 20130
Секако дека нема да внимаваме на исхраната овие денови кога празничната трпеза е богата. Дозволете си го секое задоволство, затоа што ние го нјадовме шејкот кој ќе ви помогне да се ослободите од маснотиите.
Потребни состојки:
200 мл јогурт
половина банана
2 лажици сезонско овошје
1 лажица мед
1 лажица ленено семе и семки од тиква
Одберете соин јогурт или пак јогурт со активна LGG култура, тие се богати со белковини и го поттикнуваат чистењето на организмот. Ставете ги во блендер сите состојки и убаво измешајте ги.
Послужете го во чаши кои ќе ги декорирате доколку имате желба и време:)