Без самодоверба тонеш во калта!

31 јануари, 20130
dijamanti

Дијаманти во калта – исчистете ја калта од себе и блеснете пред светот!

Тоа се жени жртви на сопствената ниска самодоверба. Најчесто се многу интелигентни, добро воспитани, дури и повеќе од потребно. Секоја од нив би можела да биде вистинска кралица, а наместо тоа доброволно ја прифатила смирената улуга  на речиси невидливо постоење.

Причините можат да бидат точно толку на број, колку што се и тие самите, но вистината е и покрај тоа што го негираат поразот, го прават имено тоа. Зошто некој ги излажал, зошто се погледнале во искривените огледала на никому потребните правила и глупави догми.

Имено таму дами лежи вашиот проблем! Зошто мажите многу лесно чувствуваат која жена каква цена има, зошто секоја од нас си ја одредува сама. Поитрите од нас успеваат да направат така и секогаш да бидат во центарот на вниманието. И воопшто не треба да ве изненадува фактот што на нив ќе им се погоди се, сопруг, работа, пријатели…И тоа е нормално, зошто не допуштаат поинаков однос кон нив освен внимание, внимание и пак внимание. Може и да не се толку умни или пак кој знае колку убави, но имаат силна самодоверба.

А мажот не е ништо друго освен едно огледало што го гледа она што ние ќе му го покажеме. Зарем мислите дека ако ги покажете своите недостатоци и комплекси пред него тој ќе се сочувствува? Никој, апсолутно никој не сака да гледа дури ни бактерија под лупа, зошто изгледа уште пострашна.

Токму обратното – дури да сте качиле некое килце плус, демонстрирајте дека сега сте сто пати посекси и попривлечна.

Сакате да бидете забележана? Едноставно избришете ја калта што толку многу пречи на светот да го видат целиот ваш сјај, убавина и префинетост – вие навистина го можете тоа и свртете грб на догмите. Сакајте се, разгалувајте се, борете се за своите позиции и сопственото мислење, смејте се и забавувајте се, зошто проблемите си се проблеми и тешко дека ќе успеете да ги решите со обесен нос до земјата.  Само сетете се дека како мала секоја жена сакала да биде принцеза и зошто да не – тоа е ваше право. Искористете го!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi