Циметот ги зголемува усните и ги уништува акните

30 ноември, 20130
12

Веројатно не сте ни знаеле дека во вашата кујна иимате еден навистина чудотворен зачин во прав – цимет! Овој егзотичен зачин може да ги зголеми вашите усни, да ги отстрани акните или пак да го забрза растењето на вашата коса.

Денеска ќе ви го претставиме неговото височество наречено цимет, а кои се неговите магични својства, прочитајте токму сега.

Борец против лошиот здив

Циметот успешно го решава проблемот со лошиот здив, а доволно е во чаша со вода да ставите една лажица од овој зачин и да измешате со една лажица мед. Со оваа мешавина правете гаргара по неколку пати на ден. Истото дејство го имаат и стапчињата цимет, кои можете да ги џвакате, особено отако ќе испиете кафе.

Цимет – за убава кожа

Циметот има антибактеријско и антигабично својство, што го прави одличен за убава кожа. Се користи во пилинзите, затоа што помага во отстранување на мртвите келии, ја стимулира циркулацијата и ја обновува кожата. Меѓутоа, со него треба да бидете внимателни, бидејќи може да предизвика иритација, па најдобро е да го испробате на рака.

За поголеми усни доволно е малку цимет

Овој зачин е составен дел на кармините кои имаат ефект да ги зголемат усните. По природен пат ги зголемува усните, а доволно е само да го измешате со вазелин и да го наенсете на усните. Оставете го да делува неколку секунди и ќе добиете визуелно поголеми усни.

Го стимулира растот на косата

Циметот го стимулира растењето на косата, што го прави одличен во борбата со претераното опаѓање на косата. Две лажици цимет и едно јајце ставете во половина чаша топло маслиново масло и измешајте. Добиената смеса втријте ја во коста и оставете да делува 10-15 минути.

Комбинацијата од цимет и мед ги уништува акните

Овој зачин ги чисти порите и го спречува создавањето на акни. Маската од три лажици мед и една лажица цимет ќе го исчисти лицето од бактерии, ќе го намали црвенилото и ќе ја нахрани кожата. Доволно е да ја оставите да делува 10 минути, а потоа да ја измиете со млака вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi