Лековитата моќ на жолтиот кантарион

28 февруари, 20130
300

Билкарите, народните лечители како и нашите баби  ја знаат огромната полза што човек може да ја извлече од растението – жолт кантарион. Екстрактите од жолтиот кантарион наоѓаат широка примена во фармацијата и козметиката.

Депресија и мигрена

Ова растение покажало многу добри резултати при лечење на депресија и мигрена. Причината се крие во една од супстанциите што ги содржи кантарионот наречена хиперицин.  Оваа супстанција го смирува организмот, го намалува физичкиот замор и води до ослободување на мали количини допамин, кои не прават да се чувствуваме посреќни. Тоа е и причина да се препорача конзумацијата на жолт кантарион во нашето секојдневие.

Гастрит

Луѓето што страдаат од болести на дигестивниот систем, а имено чир, гастрит и различни воспаленија на дванаесетпалачното црево имаат голема полза од приемот на жолт кантарион, бидејќи тој делува на две нивоа. Ја смирува болката и го стимулира зараснувањето на рани. Чај од кантарион помага при киселини, гадење, колики, лошо варење, диареја.

Рани

Како што веќе спомнавме, жолтиот кантарион има позитивно влијание на отворени рани. Компреса од жолт кантарион помага за побрзо заздравување на раната. Исто така ова растение ќе ви помогне да ја заштитите раната од инфекции.

Настинка

Чај од жолт кантарион се препорачува и во почетен стадиум на грип и настинка. Дејството на жолтиот кантарион ќе помогне да го совладате периодот на болест многу полесно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi