Поучна приказна: Во радоста јас бев сам, немав пријатели

6 ноември, 20140
19

Еден навистина прекрасен текст, кој многу кратко и јасно ги објаснува односите помеѓу нас луѓето, какви се и какви не треба да бидат. Па да почнеме:

Имало едно време еден голем владетел. Го имал најголемото царство, најубава жена, најсилната војска. После една голема победа, владетелот ги поканил сите свои пријатели да празнуваат со него. Наеднаш владетелот станал тажен. Пријателите забележале и започнале да го прашуваат што се случува со него. Зошто е тажен?

Тогаш владетелот станал и рекол: „Јас немам пријатели!“

Сите присутни скокнале и започнале да го обвинуваат, дека не се сеќава како биле рамо до рамо со него во сите битки, како биле со него кога ја градел најубавата палата, дека биле со него кога му ја грабнале најубавата жена…

Да, одговорил владетелот, вие бевте тогаш со мене, но јас бев сам кога се радував на љубовта на најубавата жена, бев сам кога се радував на мојата најубава палата, бев сам кога срцето ми пееше после големата победа. Во својата радост јас бев сам – немав пријатели!

Можеби уметноста да си човек е имено во тоа, да научиш како да го отвориш срцето, да стоиш над егото, над манипулативниот ум, да зрачиш од енергијата на љубовта во нејзиниот најчист вид.

Љубов без сметки, без корист, без задни помисли. Зошто таа енергија доаѓа од творецот на се живо. Ние само имаме привилегија да ја примаме и праќаме. Тоа е она што не прави луѓе!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi