Можеби тоа е и нивна загуба, но сепак – што е причината зошто тие бегаат од вас …
1. Тие ви се (како) пријатели од средно училиште, но воопшто не се дружите повеќе
Апсолутно е во ред Марина од IV2 да ве избрише од пријатели. Ако размислите за тоа , дури не сте се поднесувале, и всушност може да се каже дека вие сте практично странци. Што ќе ви е помеѓу вашите FB пријатели?
2. Човекот едноставно има премногу пријатели , па од некој мора и да се откаже
Ок, не е кул да се биде избришан, но да бидеме реални – колку пати сте комуницирале со човекот кој ве избришал како свој 5001 пријател?
3. Имаат различни политички ставови
Слонот и жирафа не се пријатели. Прашајте во зоолошката градина , ако не ми верувате .
4. Имавте пост што е сексистички , расистички или на друг начин хејтерски
Еј, а да престанете тоа да го правите додека сеуште имате пријатели?
5. Премногу пцуете
Па, добро никој од нас не глуми дека е принцеза со нежни уши, но секој пост кој започнува со Е** се може да биде малку напорен.
6. Премногу постирање
Постирањето на тоа што сте ручале оставете го за некои посебни прилики, а не секој ден ?
7. Не го поднесува вашето куче / мачка / дете
Можеби првите три слики во која Мики носи очила за сонце се симпатични, но четвртата ја прели чашата, а најмалку еден од вашите FB пријатели едноставно повеќе не сака да ги гледа вашите фотографии.
8. Не ги интересира вашето унапредување
Претпоставуваме дека тоа и не е толку лошо ако некој ве избрише од пријатели, затоа што сте премногу горди на своите големи животно остварувања. Иако , можеби сте премногу досадни со своето себефалење? Размислете за тоа – не заради Facebook, туку заради себе.
9. Ги замарате луѓето
Па, коментарите постојат за да поставите коментар , но дали морате да имате свое мислење за се што некој ќе напише? Можеби сте почнале да им досадувате на луѓето, а за тоа дури и да не сте свесни.
10. Не сте се виделе со години
Речиси половина од испитаниците изјавиле дека ќе го избришат лицето со кое не се виделе со години. Има смисла. Ако навистина сакате да останете во контакт, зошто би останале во виртуелен контакт?
11. Ги спамувате со покани за игри
Имате 10 известувања, и сите 10 се од истото лице кое игра некоја глупава FB игра? Unfirend ! Веднаш.