Се работи за филм за кој Џоли веќе има напишано сценарио, а сè уште не се знае кој би го продуцирал, режирал или глумел во проектот. Но според некои првични информации, можно е токму Бред Пит да ја глуми главната улога, а да биде придружен и од Џоли.
Покрај актерска кариера, и Џоли и Пит имаат искуство во продукција на филмoви. Имено, Пит досега продуцирал повеќе холивудски проекти со својата куќа Plan B ( „World War Z“, „12 Years a Slave“ итн.), а моментално вториот филм (првиот беше „In The Land of Blood and Honey“) што го режира Џоли, „Ubroken“ е во пост-продукција.