Како да го одмрзнете и запалите автомобилот за помалку од 15 минути?

30 декември, 20140
6

Кога во 8 часот наутро ќе сфатите дека автомобилот не можете ни да го препознаете од што е замрзнат, не се нервирајте.

Дишете длабоко, обидете се да не паничите и присетете се барем на неколку од овие упатства:

1. Ако бравата се замрзнала загрејте го клучот со запалка и неколку пати ставете го во бравата додека мразот не се стопи.

2. Ако вратата се замрзнала и не можете да ја отворите, пробајте да ги заштитите рацете со пешкир или крпа и полека удирајте по рабовите на вратата за мразот да попука.

3. Ако нема големи минусни температури, наполнете шише со топла вода, никако жешка, и полека поливајте ја бравата и вратата.

4. Кога конечно ќе влезете во автомобилот стартувајте го моторот, а потоа вклучете ја вентилацијата на максимум и насочете ја да дува кон прозорите. За тоа време излезете надвор и чистете го автомобилот од снег дел по дел. Набавете спреј за стакло кој го топи мразот и со тоа ќе заштедите многу време.

5. Важно е добро да го исчистите снегот од кровот и хаубата затоа што може во текот на возењето да падне дел на стаклото и да ви ја наруши прегледноста на патот.

6. При палењето моторот би требало да стартува веднаш, а доколку вергла, веројатно има проблем со акумулаторот. Акумулаторот е најчувствителен на ниски темеператури, имајте го тоа на ум.

7. Кога ќе го запалите моторот следниот проблем на кој може да наидете е паркингот затрупан со снег. Потрудете се добро да го исчистите просторот околу гумите.

8. Ако тркалата ви лизгаат и не можете да излезете од снегот, обидете се да тргнете во втора брзина. Исто така, може под гумите кои лизгаат да ставите патосници и така да пробате да излезете од длабокиот снег.

soveti-za-zeni-kako-da-go-odmrznete-i-zapalite-avtomobilot-za-pomalku-od-15-minuti-02.jpg

Како на време да се подготвите и да ги избегнете овие проблеми?

– Набавете глицерин и намачкајте го на рабовите на вратите

– Ставете течност против замрзнување во сите брави

– Набавете спреј за брзо одмрзнување на стакло

– Купете спреј и против замаглување на стаклото

– Ако немате гаража, церадите се идеално решение

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *