Состојки:
- 180 грама Чоколадо
- 100 грама Путер
- 400 милилитри Млеко
- 60 грама Малини
- 250 грама Кекси
Подготовка:
Во калап во кој ќе ја сипете смесата ставете најлонска фолија.
Во огноотпорен сад ставете го слаткото кондензирано млеко, путерот и мелената бела чоколада.
На умерен оган сето тоа стопете го и оставете го малку да се олади, па додадете го мелениот кекс и исецканите малини, па убаво промешајте за да добиете компактна смеса.
Смесата сипете ја во калапот, прекријте со фолија и оставете на ладно место околу 4 саати или преку ноќ.
Кога ќе се стегне, извадете од калапот, одмотајте ја фолијата, исечете и послужете.