Многу слатки прашања си поставија креаторите на овие видеа кога одлучија да го тестираат новиот Xperia Z3 – дали ќе работи пропаднат во кока-кола или нутела?
Океј, има логика зошто би тестирале со кока колата. Заштитата на телефонот е од редот на заштита од свежа вода – што значи никако солена вода, вода со хемикалии, итн. Па – еве го новиот флегшип мобилен уред на Сони како „нурка“ во кока-кола.
Тестот со нутела е малку чуден и неповикан и не знаеме какви резултати очекувале да добијат. И изгледа – ве предупредуваме – малку чудно. Не сме виновни ако ви ја уништиме диетата со ова видео.
И како за крај, еден малку пореален тест кој вклучува играње на GTA San Andreas додека телефонот е под вода. Бидејки знаете, такви работи се случуваат нон стоп.