Еве како бројот на шолјите кафе можат да влијаат на вас.
1 Шоља дневно
Предности: Една шоља дневно го регулира крвниот притисок и има позитивен ефект врз крвните садови. Тоа е шоља полна со одличен антиоксиданс кој ја поттикнува мозочната активност.
Недостатоци: Ова е доволно да ви го наруши спиењето. Потребни се 8 часа за кофеинот да излезе од телото. Затоа уживајте во кафето како утрински ритуал, но избегнувајте го во вечерните часови.
2 Шољи дневно
Предности: Оваа количина е одлична превенција против Алцхајмеровата болест, односно, од оваа количина расте протеинот во мозокот кој влијае на губењето на меморијата. Ќе ви даде голема доза на енергија.
Недостатоци: Во бременоста оваа е преголема количина на кофеин, што може да предизвика спонтан абортус.
3 Шољи дневно
Предности: Оваа количина спречува настанување рак на јајниците.
Недостатоци: Но, оваа количина го зголемува ризикот од срцев удар.
4 Шољи дневно
Предности: Во 4 шољи кафе има околу 400 милиграми кофеин и е многу силен антиоксиданс кој го чисти организмот и помага во борбата против различните видови на тумор, рак и дијабетес.
Недостатоци: Оваа голема количина може да доведе до ревматоиден артритис и да предизвика нервоза и анксиозност.