Експрес торта

popara26 февруари, 20141min00
8

Состојки

  • 4 пудинга од ванила
  • 8 лажици шеќер
  • 1 л. млеко
  • 250 гр. маргарин
  • 250 гр. плазма кекси мелени, (поинтересно доаѓа со какао бисквити)
  • 200 гр. чоколадо за готвење
  • 50 гр. кокос
  • 2 шлаг пена (или 250мл хопла)
  • 250 мл. млеко (за шлагот)
  • чоколадни трошки (за декорација)

Упатство

 Во сад се вари млекото со шеќер, се додава пудингот растопен во малку млеко, и откако ќе се свари и ќе добие густина, се остава да се олади, па се мати заедно со маргаринот додека да се добие хомогена смеса.

Се топи чоколадата за готвење на пареа со малку масло, и потоа се остава да се лади. Бисквитите се мелат или се дробат ситно со сукалка.
Пудингот се дели на 3 дела: во едниот се ставаат мелените бисквити и се меша со рака додека да се соедини смесата, па се става во правоаголен сад (или округла тава 28) рамномерно во вид на кора. Во другиот дел се додава растопената чоколада и се мати со миксер, па се става врз кората со бисквити, а во третиот дел се додава кокосот и се мати со миксер, па се става најодозгора.
Се мати шлагот и се спремачкува целата торта одозгора, па се става во фрижидер или на студено да се стегне. Може да се декорира со чоколадни трошки, или по желба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag