Пријателите на убавата манекенка Хајди Клум велат дека влегла во кризата на средните години и прави многу проблеми како девојка во своите дваесети години. Убавицата редовно пие и се почесто се појавува во разголено издание.
Нејзиното опивање и непристојно однесување наводно лежи во раскинувањето со бившиот телохранител Мартин Кристен. Таа не губела време, па набрзо влегла во романса во Вито Шнабел, кој го потикнува нејзиниот разуздан живот.
Кога се појави Вито, децата цело време се со дадилката – открива извор близок на манекенката и додава дека многу ја погодило тоа што повеќе не е така популарна.