Вила од соништата

8 август, 20140
luksuz-vila-enterijer-imanje-posed-florida-99

Сместена на Флорида во местото Форд Лодердејл, оваа лускузна виласe одликува со импресивна големина и фантастичен изглед.

Вилата нуди супериорен комфор и приватност зад своите врати и ѕидови. При влегувањето во вилата најпрво се поминува покрај прекрасното мермерно  фоаје, и се продолжува до големата двокатна дневна соба со прозорци кои нудат директен поглед на вода. Елегантниот ходник со префинети столбови ве води до формалната трпезарија во која се наоѓа прекрасен камин, кој нуди чувство на гостопримство и топлина на дом.

Тука е и клуб собата во која се наоѓа бар и камин, како и  гурманска кујна и семејна соба, која е во близина на куќата пред базенот со соба за пресоблекување и купатило. Оваа вила зафаќа површина од 1400 м2, има пет спални соби со седум во потполност опремени бањи. Најчудесна од овие спални е главната спална соба,која е сместена на првиот кат, веднаш до библиотеката. Во неа се наоѓа дел за седење, вежбање како и бар за пиење на утринското кафе. Исто така има одвоени “за него” и “за неа” спа бањи и плакари.

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

SEVEN ISLES POINT VILA

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *