Денот кога го протерав Другиот од својот живот

31 мај, 20140
01

Еден човек сретнал пријател што го знаел одамна и кој, се чини, никогаш не го пронашол својот пат.

– Ќе треба да му дадам малку пари, си помислил тој. Но, таа вечер човекот открил дека пријателот му станал богат и дека решил да ги врати сите долгови што се насобрале во текот на изминатите години.

Влегле во еден бар каде што обично наминувале, и пријателот понудил тура за сите. Кога го прашале како успеал, така ненадејно да се збогати, одговорил дека се да пред некој ден тој бил ” Некој Друг “.

– Што е тоа Друг ? – го прашале.

– Другиот, тоа е оној на кој ме научиле да бидам, но тоа не бев јас. Тој, Другиот, верува дека луѓето треба да го минат сиот свој живот, размислувајќи како да заработат пари ако сакаат во староста да не умрат од глад.Толку многу размислуваат, толку планови прават, што забележуваат дека се живи дури во мигот кога деновите им се избројани. Само тогаш е веќе доцна.

– А ти, кој си ти ?

– Јас сум како секој што е меѓу нас, кој го слуша своето срце. Човек кој се восхитува пред мистеријата на животот, кој верува во чуда, кој се радува и се одушевува од она што го прави.Едноставно, Другиот, плашејќи се да не биде разочаран, не ми дозволуваше да сторам што и да е.

– Но, страдањата постојат! – возвраќале луѓето што се наоѓаат таму.

– Постојат неуспеси. Никој не може да ги одбегне. Токму затоа, подобро е да се изгубат неколку битки во борбата за своите соништа, отколку човек да биде поразен без воопшто да знае зошто се борел.

– И тоа е се ? – прашувале гостите во кафеаната.

– Да. По ова откритие јас како да се разбудив, решен да бидам она што отсекогаш навистина сум сакал да бидам.

Другиот остана таму, во мојата соба, ме гледаше, ама јас повеќе не му дозволив да влезе во мене, иако тој неколку пати се обиде да ме исплаши и да ме предупреди на ризикот што не мислам на иднината.

Од денот кога го протерав Другиот од својот живот, божествената енергија почна да ги создава своите чуда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi