Кели Роланд, членка на Destiny’s Child и нејзиниот менаџер Тим Витерспун, на 9. мај решија да направат скромна интимна венчавка, без преголема фама, најави и подготовки.
Мала и романтична со триесетина одбрани гости меѓу кои и останатите членки на групата, Мишел Вилијамс и Бијонсе, заедно со нејзината мајка и сестра ѝ Соланж.
Меѓу останатите гости се и колегите и пријатели на Кели, Кармело и Лала Антони.
Според дрес-кодот на церемонијата сите биле облечени во бело, Кели носела долг бел фустан, голем вел и шарен бидермаер.
Целата венчавка се случувала на Костарика каде сите биле сместени во луксузни вили.