Тие се фокусирани на финансиската вреднсот на се, заради што не се способни да бидат задоволни и благодарни на она што веќе го имаат, како ни да делат радост со другите.
Тие тежнееат да водат најскапи автомобили, одат на егзотични одмори и носат скапа облека, но тие нивни желби и нивниот став према парите им носи само несреќа, тврдат научниците од американскиот Универзитет Baylor. Според нив, материјалистите почесто развиваат симптоми на депресија и општо незадоволство во животот.
Главната причина за тоа е нивниот став т.е фокусот на вредноста на парите заради што не се способни да бидат благодарна за она што веќе го имаат – пишува Medical News Today.
– Постојаното размислување за тоа што го немаш и што го сакаш е негативно и е лошо за здравјето – рекла авторката на студијата.
Благодарност и задоволство се позитивни ставови кои влијаат и на тоа какви сме према другите, па според ова, материјалистите не се заинтересирани да помагаат на другите надвор од својата фамилија.
– Колку луѓето повеќе имаат и поседуваат, не стануваат посреќни туку постојано ја подигнуваат нивната референтна точка и се во постојано барање а тоа им носи незадоволство заклучил ко-авторот на студиите, James Roberts.
„Не расипувај го со жалење тоа што го имаш. Сети се дека тоа што денес го имаш некогаш само си го посакувал” Epikur