„Тука стигнав следејќи ја трагата на приказната за проституција на Балканска улица. Многу сограѓани се јавуваат во редакцијата на ‘Телеграф’, жалејќи се од ‘жените со низок морал’, кои ги дочекуваат своите муштерии од попладневните, до раните утрински часови. Неколку личности наведоа дека ова се случува секојдневно, со години наназад.“
„‘Дали работиш?’ – тивко низ одење проговори еден постар човек, додека ми доаѓаше во пресрет. Не го слушнав најдобро, па го замолив да ми повтори, а тој тоа и го направи. Само, овој пат застана, дојде до мене, ме фати за рака и ми рече: ‘Дали е твоја смена вечерва? Дали работиш? Ќе има секс или како?’’“
“Зјапав во него добри пет минути. Навистина, тешко беше да се соживееш во улогата на проститутка и да одговориш на такви прашања. За прв пат добив задача да работам вакво нешто и не ни претпоставував колку навистина сериозна е оваа работа.“
„Минутите се развлекуваа и додека тој вадеше банкноти, се слушнав самата како изговарам: ‘Само што стигнав. Нова сум, се уште не сум ни почнала. Но, дојди подоцна. После 23 часот. На истото место. Ја знаеш ли цената?’“
“Ме дочека громогласно смеење. Човек од речиси седумдесет години, за кого би помислиле дека е беспомошен старец, стоеше наспроти мене и ми се смееше во лице. Мавташе со банкнота од илјада динари и ми одговори: ‘Слушај малечка, јас не сум нов. Ова е и повеќе од доволно. Никогаш за ништо овде не сум платил повеќе, па не се обидувај од мене да извлечеш пари’.“
„На неколку метри од нив, наидов на поглед полн со презир. Двете се свртеа кон мене и јасно ми ставија до знаење дека е најдобро да се држам на страна. Тоа и го направив.“
„Потоа уште неколку мажи ми пријдоа во наредниот час. Успеав да откријам дека сексуалната услуга чини околу 20 евра и дека овие девојки на улица излегуваат измеѓу 17 и 18 часот и тука остануваат до утро. Муштериите ги собираат со автомобили, каде што најчесто имаат односи, а неретко се случува и услугите да ги даваат во хотелски соби или влезови во стамбени згради.“
„Околу полноќ одлучив да ја напуштам улицата. Колку и да се чини оваа приказна страшна на прв поглед и вредна за осудување, мојата вистина е малку поинаква. На овие жени не им е воопшто лесно. Нивниот живот се сведува на задоволување на странци по улиците, продавање на своето тело за пари омаловажување на себе.“
„Многумина би рекле дека тоа е нивен избор и дека сами одлучиле така. Но, на зборови се сите силни. Делата се она по кое човекот се докажува.“