Облакодери на Бахамите: Секој стан со приватен базен

popara31 јануари, 20141min00
1

На богатите клиенти наскоро на Бахамите ќе им бидат понудени неверојатни недвижнини во облакодери во кои секој од становите ќе има сопствен базен. Цената на овој апартман ќе се движи од три милиони долари.

Данската архитектонска фирма Bjarke Ingels Group (BIG) и компанијата Douglas Elliman, која се занимава со работа со недвижнини, заеднички го осмислиле овој неверојатен проект наречен “Honeycomb” на јужниот брег New Providence.

Новиот облакодер ќе има поглед на марината и океанот, а ќе вклучува и апартмани од две до седум спални соби.

Овој комплекс со вкупно 34 станови е дел од големото одморалиште Albany, кое го развива Tavistock Group, во соработка со инвеститори како Тајгер Вудс и Ерени Елс.

Целната група за ваквите недвижности се секако богаташи од Њујорк, кои многу често ги посетуваат Бахамите.

Во споредба со имот на Менхетен, овие апартмани се релативно евтини и чинат од 3 до 12.5 милиони долари.

Секој апартман во “Honeycomb” има приватна тераса и базен, а изградбата ќе започне ова лето. Отворањето се очекува да биде во првата половина на 2016-та година, пренесува Business Insider.

1

2

3

4

5

6

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag