Веднаш по вчерашната објава за номинираните за „Оскар”, почнаа и типувањата кој ќе триумфира на церемонијата која ќе се одржи на 2 март во Лос Анџелес.
Ако се водиме по квотите кои ги објавија обложувалниците Кејт Бланшет во женска, Чиветел Еџифор и Метју Меконахи во машка имаат најголеми шанси да ја освојат наградата за најдобра главна улога.
По мислење на обложувалниците „12 години ропство” е апсолутен фаворит за победа во категоријата најдобар филм со квота од 1,30. На второ место е „Американска Измама” со квота 4 а трет е „Гравитација” со квота 11.
Кај глумиците Кејт Бланшет е скоро сигурна добитничка ба Оскар со мала квота од 1,12, додека далеку зад неа се Сандра Булок и Ејми Адамс
Неизвесна е борбата кај мажите каде фаворит е Џиветел Еџиофор со 1,80 кој го прати Метју Меконахи со 2,20, а трето место е Леонардо ДиКаприо со квота 7. Се разбира ова се рани прогнози, а и проценките во обложувалниците ќе се променат во наредните месеци.