Во пишана изјава од Ватикан папата го смета интернетот од голема важност за човештвото, а не за технологијата. Тој смета дека моќта на социјалните мрежи лежи во политичкиот, економскиот и религиозниот дијалог меѓу луѓето, односно дека ваквиот вид на поврзаност и комуникација може да доведе до обединување на целото човештво.
Сепак, тој додава дека интернетот исто така може да ги изолира луѓето доколку преку него само собираат информации и мислења што им ги потврдуваат само нивните идеи.
Да се има дијалог значи да се верува дека и оној другиот има нешто вредно за кажување, заклучува папата.