Притоа, ја скршил раката, пет ребра и го повредил рамото. Иако бил повреден, успеал да се извлече од дупката по неколку часа, а бил спасен со хеликоптер следниот ден кога и бил однесен во болница.
Снимките од несреќната авантура која се случила на Монт Химлунг, во близина на Монт Еверест, ги објавил на YouTube.
„Моето тело беше повредено и јас се наоѓав во агонија, со лицето се удрив во ѕид, телото ми се одби од другиот ѕид и целиот се чувствував без сила“, раскажува професорот за Telegraph.
Откако ќе заздрави, тој планира мисија на Перу идниот месец.
httpv://www.youtube.com/watch?v=vlQFvAi8zdo