Банички со праз

31 мај, 20140
13

Состојки потребно за тесто

1 чаша( 180мл млеко
1 чаша јогурт
1 чаша масло
1 чаша вода
20 гр квасец
по потреба брашно
за полнење
2 страка праз
малку масло
по потреба сол
за попрскување
по потреба масло

Подготовка

Водата и млекото малку стоплете ги и сипете во сад за месење додадете го маслото, јогуртот ,квасецот и по потреба додавајте брашно да добиете глатко мазно тесто.
Тестото поделете го на 6 -7 топчиња и оставете ги да одморат 15 минути,а потоа од секое топче псебно расукајте кора.
Кората исечете попрскајте ја со масло и исечете ја на половина хоризонтално и вертикално.
Земете го секој дел посебно и од остриот агол, наберете ја кон почетокот на кората, па преклопете на половина повторно малку попрскајте масло на долниот дел ставете од филот и преклопете го со другата страна. Редете во намрсен плек и печете во загреена релна на 250 степени. Пред печење повторно можете да ги препрскате со масло.
Филот најобично се приготвував:
празот попржете го со масло или изберете си фил по ваш вкус.
Доколку ова доза ви е голема мерете со помала чаша.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *