Без конкуренција: Торта над тортите

9 јануари, 20140
25

Состојки:

За кора:

3х5 белки

3х10 лажици шеќер во прав

3х5 лажици мелени ореви

3х2 лажици брашно

За крем:

1 л млеко

15 жолчки

10 лажици шеќер

9 лажици брашно

250 гр шеќер во прав

250 гр путер/маргарин

150 гр мелени ореви

Малку млеко за попарување на оревите

200 гр чоколадо

3 пакетчиња шлаг крем од ванила

200 мл млеко или кисела вода за шлаг кремот

Подготовка:

Направете 3 кори од по 5 белки, 10 лажици шеќер во прав, 5 лажици ореви и 2 лажици брашно. Измешајте ги брашното и оревите и внимателно додадете ги во матените белки. Се пече на 180 степени околу 25 минути, секоја кора. Кога ќе се испечат, покријте ги корите со крпа додека го подготвувате кремот.

Крем: 7 жолчки се мешаат со 10 лажици шеќер и 9 лажици брашно и се вари кремот во 1 литар млеко. Изматете 8 жолчки со 250 гр шеќер во прав. Посебно изматете 250 гр маргарин, па измешајте го со матените жолчки и сето тоа изедначете го оладениот крем.

1/3 од филот извадете и на тоа додадете 150 гр ореви попарени со млеко (потребно е само малку млеко ). Во преостанатите 2/3 од филот додадете 200 гр топено чоколадо. Изматете ги шлаг кремите од ванила со млеко или кисела вода.

Редослед: кора, шлаг, црн фил, кора, шлаг, бел фил, кора, шлаг, црн фил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi