Без печење: Домашен Сникерс

21 мај, 20140
Без печење: Домашен Сникерс

Состојки:

Прв слој

  • 4 лажици агаве сируп (алтернатва – мед или друг засладувач)
  • 4 лажици растопен путер
  • 2 полни лажици путер од кикирики
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2,5 шолји шеќер во прав
  • 400 гр чоколадо

Втор слој

  • 2 шолји карамел
  • 4 лажици пржени кикирики
  • 350 гр темно чоколадо

Подготовка:

Во еден сад помешајте половина од сирупот, растопениот путер, путерот од кикирики и екстрактот од ванила и со миксер мешајте на најмалата брзина додека сите состојки не се поврзат.

Полека додадете го шеќерот и продолжете да мешате додека не добиете изедначена, густа и леплива маса. Доколку таа е премногу тврда, додадете уште малку растопен путер, а доколку е ретка, додадете уште малку шеќер.

Со раце втиснете ја смесата во калап или сад за печење и ставете ја во фрижидер додека не ја подготвите смесата за вториот слој.

Во тенџерче, на средно силен оган растопете го карамелот и остатокот од сирупот, додадете ги кикириките и измешајте сè убаво, па тргнете го тенџерчето од оган.

Извадете го калапот од фрижидерот, прелијте го чоколадниот слој врз првиот и вратете го во фрижидер.

Кога смесата ќе се стврдне, извадете ја од калапот и исечете ја во лентички со средна дебелина.

На умерен оган растопете го чоколадото и во него потопете ги лентите една по една.

За полесно да се снајдете околу подготовката, погледнете го и видеото:

httpv://www.youtube.com/watch?v=CLvIJeYse8Y

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *