Домашен чоколаден пудинг

12 март, 20140
26
Потребни состојки:
  • 130 г шеќер
  • 40 г пченкарен скроб
  • ¼ лажиче сол
  • 650 мл млеко со поголема масленост
  • 3 лажици какао
  • 4 жолчки
  • 2 лажици путер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 чоколада со поголем процент какао
Начин на подготовка:

1. Во тенџере помешајте ги шеќерот, скробот и солта, а потоа почнете постепено да го додавате млекото. Мешајте додека не добиете смеса без грутки, а потоа додадете ги и жолчките.

2. Тенџерето ставете го на средна температура и постојано мешајте околу 8 минути, односно додека не се појават меурчиња од варењето. Тргнете го тенџерето до оган, смалете ја температурата на минимум, па вратете го тенџерето и мешајте уште некоја минута.

3. Тргнете го тенџерето од оган и прецедете ја смесата низ сито. Ставете ја во сад за матење со миксер.

4. Во садот додадете ги путерот, екстрактот од ванила и парчињата чоколадо и со миксер матете додека не добиете уедначен крем.

5. Пудингот сипете го во стаклени садови за сервирање и покријте ги со фолија за да се спречи создавањето на корупка при ладењето.

6. Оставете го пудингот да се лади барем 3 часа, а најдобро е да го оставите да преноќи. Кога ќе се олади, послужете го со рендано чоколадо на врвот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi