Карамел колачи со јаболка

8 јуни, 20140
3

Состојки
• 300 бисквити
• 1 кг јабо­лка
• 500 гр шеќер
• 100 гр мар­га­рин
• 100 мл вода
• мелени оревчиња

Подготовка
Излу­пете и изрен­дајте ги јабо­лката. Дода­дете им 2 големи лажици шеќер и варете ги сѐ додека не испари теч­но­ста која ја пуштиле јабо­лката. Бискви­тите наре­дете ги во пра­во­а­го­лен сад. Потоа, ста­вете поло­вина од прже­ните јабо­лка, наре­дете втор ред бисквити и вто­рата поло­вина од јабо­лката. Завр­шете со уште еден ред бисквити. Нај­до­бро е да се остави да отстои преку ноќ во фрижидер.

Оста­то­кот од шеќе­рот исто­пете го за да доби­ете кара­мел. Вни­ма­вајте да не ви загори. Треба да има златна боја. Потоа, дода­дете 100 мл вода и варете сѐ додека не се рас­топи кара­ме­лот. При крај, дода­дете го мар­га­ри­нот и варете уште 5 минути.

Изва­дете го кола­чот од фри­жи­дер. Исе­чете го на коцки или три­а­го­лници и секое парче пре­лијте го со кара­мел. На крај, поси­пете со мелени орев­чиња. Пред серви­рање, оста­вете кола­чот да се излади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi