Карусо коцки: Ги препорачуваме за сите љубители на чоколадо

1 февруари, 20140
13

Состојки

Кора:

8 жолчки

250 гр шеќер

250 гр путер

200 гр мелени ореви

200 гр чоколадо

4 лажици брашно

1 прашок за пециво

10 белки

Фил:

100 гр чоколадо

4 лажици вода

4 лажици шеќер

150 гр путер

2 матени жолчки

1 ванилин шеќер

Подготовка:

Шеќерот и жолчките се матат се додека не добиете густа смеса. Во тоа се додава матениот путер, мелените ореви, ренданото чоколадо, брашното, прашокот за пециво и шлаг од 10 белки.

Се добро да се измеша, па тестото се префрла во длабок плех за печење. Се пече 40 минути на 150 степени.

Толиот колач се полива со чоколадниот фил. По желба врз тоа може да се додадат и мелени ореви. Се сече на поголеми коцки, добро да се олади, па се сервира. Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi