Нутела чизкејк
Состојки
за тесто
• 12 „Орео“ колачиња (или слични на нив)
• 3 големи лажици путер, стопенза фил
• 250 гр крем сирење
• 2/3 шолја „Нутела“
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 1 кесичка шлаг во правза декорација
• шлаг
• кршени лешници
• крупно рендано чоколадоПодготовка
Чекор 1: во сад со средна големина, измешајте ги колачињата (кои претходно сте ги издробиле) и растопениот путер. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Смесата рамномерно распределете ја во стаклени садови за десерт и со помош на лажица притиснете ја смесата надолу.Чекор 2: во подлабок сад, со помош на миксер, измешајте ги крем сирењето и нутелата. Додадете ванила и измешајте. На крај додадете го шлагот во ќесичка и продолжете со миксирање, сѐ додека исчезнат сите грутки.
Чекор 3: повторно распределете ја смесата во секој сад. Потоа, покријте ги садовите со фолија и оставете ги да отстојат барем два часа во фрижидер.
Чекор 4: шлагот ставете го на крај и декорирајте со лешници или бадеми, и крупно рендано чоколадо.