Помфрит со пржен кромид
Состојки
● 3 главици кромид
● 2/3 шолја јаболков оцет
● 1 голема лажица шеќер
● 5 поголеми компири
● сол
● масло за пржењеПодготовка
Чекор 1: загрејте ја рерната на 180 степени. Раздвојте го кромидот на прстени. Во еден помал сад измешајте шеќер и оцет и ставете го на умерен оган да се растопи шеќерот. Измешајте го овој раствор со кромидот.Чекор 2: потпечете ги компирите во рерна (45−60 минути). Оставете да се изладат. Во подлабок сад ставете масло и загрејте го. Пресечете ги компирите на поголеми и помали парчиња.
Чекор 3: ставете го компирот да се пржи. Вртете за да се запржи убаво и да стане крцкав. Потоа, ставете го на хартија за да се впие маснотијата и веднаш посолете го. Прстените кромид малку запржете ги (колку да станат крцкави) и потоа измешајте ги со компирите. Попрскајте со малку оцет и сервирајте веднаш.