Рајски колач за студените зимски денови
Состојки:
Крем:
25 дкг чоколадо
20 дкг цврст нугат-лешник крем
7,5 дл слатка павлака
12 дкг сецкани лешници
Тесто:
3 јајца
3 лажици студена вода
10 дкг шеќер
7,5 дкг брашно
1,5 дкг какао
1 лажица прашок за пециво
2,5 дкг густин
Декорација:
1 лажица какао
10-15 Тофе бонбони
Крем: Нугат штанглата и чоколадото се сецкаат. Павлаката се загрева на пареа но не смее да зоврие. Тргнете го садот од оган, па додадете ги цврстиот нугат крем и чоколадото па мешајте додека не се стопат. Префрлете го кремот во пластичен сад и оставете го во фрижидер најмалку 4 часа. Исецканите лешници се пржат во тавче без масло се додека не добијат златно-кафена боја. Префрлете ги во чинија и оставете ги да се оладат.
За тесто: Загрејте ја рерната на 175 степени. Жолчките одвојте ги од белките. Од белките се прави снег со 3 лажици вода. Полека се додава шеќер и се меша постојано. Жолчките една по една се додаваат во белките. Брашното, какаото, прашокот за пециво и густинот се додаваат внимателно со помош на сејалка. Додека го правите ова постојано мешајте со жица.
Садот за печење обложете го со хартија за печење, истурете го тестото и оставете нека се пече 20 мин. Печениот колач нека остане во отворена и изгасена рерна уште 5 мин. Кората се сече на пола, за да добиете две кори.
Во ладниот чоколаден крем додадете ги пржените лешници и со миксер мешајте се додека не добие цврстина. 2/3 од кремот се мачкаат врз кората, додадете ја втората кора и додадете го врз неа остатокот од кремот. Треба да отстои во фрижидер за да се стегне. Се декорира со какао во прав и Тофе бонбони.
Вака изгледа цврст нугат крем