Red Velvet: Чоко­ладна торта со темно црвена боја

9 јуни, 20140
6

Состојки

за торта
• 230 гр путер
• 2 јајца
• 375 гр шеќер
• 1 мала лажица какао во прав
• 60 мл црвена пре­хран­бена боја
• 235 гр тесто за колачи и торти
• 1 мала лажица сол
• 1 шолја мате­ница или ајран
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 1 мала лажица пра­шок за пециво
• 1 мала лажица оцет

*како замена, можете да поме­шате 1 шолја млеко или соја млеко со една голема лажица сок од лимон или оцет и оста­вете да отстои 10-тина минути.

за гла­зура
• 2 големи лажици бра­шно
• 1 шолја млеко
• 200 гр путер
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 110 гр шеќер во прав

Подготовка
Загрејте ја рер­ната на 180°С.

Во подла­бок сад, изме­шајте ги путе­рот, јај­цата и шеќе­рот. Во друг, помал сад, изме­шајте ги бојата и кака­ото и потоа дода­дете ги кон сме­сата со путер. Кон тестото дода­дете го, на три пати, ајра­нот или мате­ни­цата. Надо­по­лнете со екстракт од ванила, пра­шок за пециво и оцет.

Во тавата за печење ста­вете пекар­ска хар­тија и наро­сете ја со бра­шно и сол. Ста­вете го бра­шното и печете околу 30 минути. Додека тестото се лади, под­го­твете ја глазурата.

На средна темпе­ра­тура, гответе ги бра­шното и мле­кото, додека не згу­снат. Потоа, оста­вете ја сме­сата да се излади. Со мик­сер, изме­шајте ги путе­рот, шеќе­рот во прав и вани­лата. Потоа, спојте ги двете смеси и измешајте.

Тестото пре­се­чете го по должина на два слоја и ста­вете од гла­зу­рата помеѓу двата слоја и на врвот на тортата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi