Салата од црвен компир и сланина

11 јануари, 20140
7

Состојки,

600 гр.црвен компир, сецкан на коцки и нелупен

Сол по желба

100 гр. сланина (2 или 3 ленти)

1 чаша сецкани пиперки (било која боја или комбинација)

1/4 чаша ситно сецкан црвени кромид

2 млади кромидчиња, сецкани

1/4 чаша екстра-девствено маслиново масло

3 лажици црвен вински оцет

1 лажица сенф Дижон (може и обичен)

1 лажица мајонез

Свежо мелен бибер

 

Начин на подготовка,

Ставете ги  компирите  во голем сад, додадете вода само за да се покријат и  зачинете со о 1/4 лажичка сол. Ставете го да се вари компирот се дур не омекне. Исцедете го и изладете го малку.

Во меѓувреме, на тава испржете ја сланината дур не стане крцкава, извадете ја на салфетка да се исцеди малку и потоа здробете ја или ситно исецкајте ја.

Во голем сад ставете ги сварените компири, сланината, пиперката, црвениот кромид и младото кромидче.

Посебно во друг помал сад, ставете ги маслиново масло, оцетот, сенфот, мајонезот, 1/4 лажичка сол и 1/4 лажичка бибер. Прелијте ја оваа смеса преку  компирот, нежно мешајќи. Покријте ја компир салатата и ставете ја во фрижидер. Се служи ладна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *