Сладолед од Нутела

17 март, 20140
13

Потребни состојки:

● Еден филџан Нутела или едно мало пакување
● Од 500 до 600 милилитри слатка павлака
● Од 300 до 400 грама млеко
● Чоколадо со лешници или бело чоколадо

Подготовка:

Во еден зад за матење ставете ја киселата павлака и млекото и со миксер матете ги состојките додека не добиете кремаста, бела смеса.
Во претходно подготвената сместа додадете ја Нутелата и сето тоа добро измешајте се додека не добиете целосно кафена смеса. Бидете трпеливи затоа што на Нутелата и е потребно малку повеќе време за да истата се поврзе со остатокот од смесата.
Чоколадото искршете го на парчиња и истото ставете го во претходно подготвената смеса и полека промешајте. Сладоледот ставете го во пластичен сад со капак и ставете го во фрижидерот. По 4 до 5 часа ладење, сладоледот е подготвен за послужување!
Како замена за обичното млеко можете да користите млеко во прав, но наместо литар вода, додадете само околу 3 до 4 децилитри.

Доколку сакате сладоледот да биде покремаст, оставете го во фрижидерот околу 4 часа, а потоа извадете го, истурете го во блендер или сад за матење и изматете го, па потоа повторно вратете го во фрижидерот и оставете го уште дополнителни 4 часа.

httpv://www.youtube.com/watch?v=NpTI1zTF4Qs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *