Сладолед со арома на кафе

31 август, 20140
10

Потребни состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 3 јајца
  • 100g шеќер
  • 1 лажичка сварено домашно кафе
  • 10g инстант кафе

Подготовка:

1. Земете ги јајцата и одвојте ги белките од жолчките. Жолчките ставете ги во сад, а потоа додајте го шеќерот. Мешајте ги додека смесата не се соедини и додека не стане густа.

2. Белката од јајцата и павлаката мешајте ги поединечно и во посебни садови.

3. Откога ќе ги измешате сите состојки посебно, спојте ги во еден сад. Мешајте ги заедно жолчките, белките, слатката павлака, ладното домашно кафе и инстант кафето.

4. Мешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

5. Смесата претурете ја во сад за сладолед и оставете ја во ладилникот додека не се замрзне.

6. Послужете се и уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi