Совет: Како да го спасите јадењето што сте го пресолиле?
1 февруари, 20140
Дури и на најискусните домаќинки може да им се случи да го пресолат јадењето. За среќа, има спас!
Се што ви е потребно за да го спасите јадењето е да додадете нешто кисело. Во зависност од јадењето можете да додадете сок од лимон, оцет или доматен сос.
Друга варијанта е во јадењето да додадете малку сода бикарбона која ќе ја апсорбира излишната сол, а нашите баби советуваат во јадењето да додадете еден цел, излупен компир, кој додека се вари јадењето ќе ја “изеде“ солта. Се надеваме дека овој совет ќе ви помогне.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ob6bSJKoQnM