Торта “Најубавиот сон“ (без печење)

30 ноември, 20140
28

Прв слој:
-Пишкотите се натопуваат во Фанта и се редат на послужавник

Втор слој:
-Се меле плазма-кекс (може и обични бисквити) и се потопуваат со Фанта сок за да се добие еднолична смеса. Посебно се мати еден маргарин со 250 г. шеќер во прав, а потоа се соединува со мелената плазма.

Трет слој:
-Чоколадни бананки се сечат по должина и се редат врз филот од мелената плазма.

Четврти слој:
-Се варат 4 пудинга од ванила во 1 кг. млеко. Посебно се мати еден маргарин со 250 г. шеќер во прав и потоа се соединува со веќе оладениот пудинг.Филот се дели на два дела и едниот дел се става врз чоколадните бананки.

Петти слој:
– се реди уште еден слој пишкоти натопени во млеко врз филот од пудинг

Шести слој:
– се премачкува останатиот дел од пудингот

Седми слој:
– свежи банани се сечат на кругови и се редат врз филот од пудинг

Осми слој:
-Шлаг (се мати и се премачкува целата торта)

Слика

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi