Вкусни Сникерс колачиња

28 септември, 20140
33
Овие мафини ќе ги воодушеват сите, па и вас самите.

Состојки:
ЗА ТЕСТО:
● 50 г.брашно
● 20 г.шеќер
● 1 лажичка какао
● 1/2 кесичка прашок за печиво
● 1 јајце
● 30 мл.млеко
● 30 мл.масло

ЗА ФИЛ:
● 80 г.шеќер
● 60 мл.млеко
● малку вода
● 30 г.печени, солени кикирики

Подготовка:
● Од шеќерот и млекото направете карамел на следниот начин – во помало тенџерче со дебело дно сипете 80 г.шеќер и оставете да се растопи додека да добие светлокафева боја. Кога ќе видите дека поголемиот дел од шеќерот е во таа состојба, но на средината уште има малку нерастопен шеќер, тргнете го тенџерето од огнот, па со мешање можете да го растопите и остатокот.

● Откако шеќерот ќе се стопи, оддалечете го тенџерето од себе и додајте 1-2 лажици вода, па почекајте да помине првата бурна рекација – прскањето. Потоа додајте го млекото и вратете го тенџерето на најтивок оган што е можно. Карамелот отпрвин ќе ви изгледа само како една леплива смеса, но мешајте додека смесата целосно да се растопи. Ако после тоа ви се чини како да има грутки, процедете го карамелот преку цедалка за чај.

● Оставете да се излади, па додајте ги искршените кикирики.

● Додека карамелот се лади, подгответе го тестото. Во чинија сипете го брашното, шеќерот, какото и прашокот за печиво и промешајте со виљушка. Додајте едно јајце, 30 мл.млеко и 30 мл масло, и добро измешајте да биде меко, без грутки.

● Со добиената смеса до половина полнете ги керамичките шолји, па печете ги во микробранова 3 минути на 750 W.

● Кога тестото малку ќе се излади, со помал остар нож во средината направете дупка, па во неа сипете од карамелот со кикиритки. Послужете веднаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *