Необичен повик за гласање. Данскиот парламент го одобрил контоверзниот анимиран филм кој има за цел да го привлече вниманието на јавноста и да ги мотивира луѓето да излезат на избори за Европскиот парламент на 25 мај.
Главниот лик во цртаниот филм кој изобилува со секс сцени и насилство е Воутмен, мускулест мустаклија кој е еден вид супер херој кој ги тера луѓето да излезат на избори.
Ако не сакате да гласате не се обидувајте да му побегнете. Тој ќе ве најде и ќе ве натера! – е пораката што ја носи ова филмче.
Погледнете го видеото:
httpv://www.youtube.com/watch?v=gT4lhERDZ8s