Слон упаднал во собата каде било бебето! Она што потоа се случило било шок за родителите!

popara13 март, 20141min00
8

Додека родителите вечерале, слон упаднал во нивната куќа, го урнал ѕидот од собата во која се наоѓало нивното 9 месечно бебе.

Кога слушнавме бука веднаш отрчавме во собата и видовме парчосан ѕид и огромен слон кој стои над нашето бебе, раскажува еден пар од Индија.

Меѓутоа тие останае вчудоневидени од следната постапка на слонот.

„Делови од ѕидот имаше низ целата соба како и на креветот каде лежеше бебето. Слонот потоа почна да се враќа од таму од каде дошол и тогаш се случи нешто неверојатно. Нашето бебе почна да плаче. Тогаш тој се сврте, се врати нежно над неа и со сурлата го тргна парчето од ѕидот за да ја ослободи. Не можевме да веруваме во тоа што го видовме“ – изјавија тие.

Деветмесечното бебе е префрлено во болница и според изјавите од лекарите целосно ќе се опорави од необичната средба со слонот.