И за тоа има лек. Експертите декодираа неколку типични машки пораки.
●Тој пишува: Hey, whats up?
А мисли: Проверува дали сте на располагање. Ваква СМС порака мажите користат за да ве држат заинтересирана, а да не потрошат многу време и енергија.
●Тој пишува: Како помина на интервјуто?
А мисли: Ако ве прашува како поминал некој настан за кој знае дека ви е важен, покажува дека слуша што зборувате и дека мисли на вас. По цел ден!
●Тој пишува: Излезен сум, се гледаме покасно.
А мисли: Нема намера да се види со вас подоцна, а ако има тоа ќе биде само по негова желба.
●Тој пишува: Чувај се.
А мисли: Ова е дефинитивно најнеформална и најнезаинтересирана порака која може да ви ја прати.
●Тој пишува: Те чекам 🙂
A мисли: Кога тој пишува смајлиња, покажува интерес за вас. Повеќето мажи многу не ги сакаат емотиконите, но штом ги користат, тоа е супер знак.