Типови на девојки кои момците не можат да ги поднесат

popara31 август, 20141min00
13

Нивните карактерни особини ги одбиваат мажите и токму затоа овие девојки често се жалат дека не можат да пронајдат добро момче или пак нивниот најчест изговор е дека „сите мажи се исти”, но всушност проблемот е во нив…

Девојките добро знаат какви особини сакаат кај момците, но дали некогаш сте се запрашале дали можеби треба да промените некоја ваша особина?

Погледнете, кои 5 типови на девојки момците никако не можат да ги поднесат:

1. Озборувачка и девојката која цело време приговара

Жените кои цело време озборуваат и негативно гледаат на работите, ги одбиваат сите мажи околу себе. Сите понекогаш имаме жолта минута, кога приговараме за сѐ, но не е во ред ако тоа се случува константно. Мажите не разбираат зошто жените имаат потреба да озборуваат, па ако веќе не можете да заборавите на таа навика, барем не озборувајте пред него.

2. Опседната со слабеење и диета

Ако секоја реченица ви започнува со броење калории, со тоа што смеете, а што не смеете да јадете или ако цело време се жалите дека сте накачиле 500 грама, тогаш дефинитивно спаѓате во вториот тип на девојки кои момците никако не можат да ги поднесат.

Момците сакаат опуштени девојки кои знаат да уживаат во храната и чиј свет нема да се распадне ако пробаат неколку парчиња пица на вечера. Ова не значи дека треба да јадете премногу, туку пробајте и уживајте во мали залчиња и кажете му дека сте сити, наместо цела вечер да му зборувате дека тој оброк е полн со калории.

dali-ste-vie-megju-niv-tipovi-na-devojki-koi-momcite-ne-gi-podnesuvaat-2

3. Работохоличарка

Убаво е тоа што ја сакате вашата работа, но нема потреба на останатите, а особено на момчето, да им зборувате за вашите крајни рокови, состаноци, колеги, презентации, кои да бидеме искрени, никого не го интересираат. Момците повеќе ги интересира што сакате да правите, тогаш кога ништо не правите, како на пример, хоби, спортување, омилени филмови, дали сакате кино или театар и слично. Почнете да живеете и не размислувајте толку на работата.

4. Незадоволна од роднините

Одлично им е на оние кои никогаш не навлегле во расправии со своите роднини и одлично се согласуваат едни со други, но за жал работите не стојат исто во секоја фамилија. Но, момците не сакаат да чујат како зборувате што ќе ви падне на памет за вашите роднини, а уште помалку ако ги откривате сите семејни тајни.

5. Девојки кои се однесуваат како мајки

Некои жени сметаат дека се знаат, па така и се однесуваат. Тие се толку опседнат со своето момче, дури му се јавуваат да го прашаат дали појадувал, му даваат мудри совети и поставуваат бесконечен број на прашања. Момчето веќе има една таква жена во својот живот, зошто мислите дека би сакал уште една? Ниеден маж не сака да излегува со својата мајка, па затоа бидете му само девојка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag