Состојки:
Малку сол,
Прашок за пециво
Ванилин шеќер х 2
200 гр шеќер
2 јајца
500 гр путер
500 мл млеко
350 гр брашно
Подготовка:
За тестото – 250 гр путер и 300 гр брашно, прашок за пециво, малку сол и 3-4 супени лажици вода.
Додавајте го брашното внимателно, додека не добиете меко тесто, а ако е потребно додадете уште брашно. Тестото треба да отстои 30 минути во фрижидер.
Откако ќе се олади се прават 4-5 топчиња, кои се сукаат и се боцкаат со вилушка.
Се печат 5-6 минути во калап.
Се вари крем од 500 мл млеко, 2 јајца, 200 гр шеќер, 2 супени лажици брашно и ванилин шеќер.
Посебно се мати 250 гр путер и се соеднува со млечниот крем.
Се поставува ред кора, ред крем. Најгоре се завршува со крем.