Инцидентот се случил на крстосувањето на 16-та улица и 5-та авенија, пишува The New York Times.
Педесет ишестгодишниот Болдвин е уапсен поради насилничкото и заканувачко однесување кон полицајците, а два часа подоцна бил пуштен откако против него се поднесени две пријава, за кршење на прописите за управување со велосипед и за насилничко однесување.
„Њујорк е град со кој лошо се управува, тоа е карневал од глупости, град кој очајнички сака да заработи и да го криминализира однесувањето коешто некогаш се сметаше за добродушно”, напиша aктерот подоцна на Twitter.
Инаку ова не е прв прекршок за темпераментниот актер добитник на наградата Еми. Во ноември ланската година американската телевизиска мрежа NBC го откажа шоуто „Up Late” на Болдвин, поради наводни негови хомофобни испади.