Херојот од Обреновац по втор пат ги изгубил најмилите!

21 мај, 20140
181854

Вистинска приказна за 25-годишниот херој кој им помога на сите да се спасат од страотните поплави, додека неговите сопруга и мало синче се исчезнати.

-Синоќа ми се јавија дека син ми и жена ми можеби се живи. Уште не сум ги видел, ниту сум ги слушнал, но не губам надеж. Од некоја организација ми се јавија да ми кажат дека ги нашле, но не ми потенцираа дали се живи, вели овој јунак.

По втор пат останува без своите најмили, со оглед на тоа дека во 1999 година избегал од Косово каде му било убиено целото семејство.

-Кога почна поплавата, брзо ги однесов сопругата и синот кај дедото (татко на сопругата) во Велико Поле, бидејќи верував дека таму ќе бидат безбедни. Но тој набрзо ми се јави да ми каже дека нивото на водата брзо расте и дека морале да се качат на покривот. Во еден момент тој влегол во куќата, а кога се вратил ги немало двајцата, вели Џамбо за српските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi