Ме киднапираа вонземјани и ми ја бришеа меморијата! (видео)

30 април, 20140
Ме киднапираа вонземјани и ми ја бришеа меморијата! (видео)

Британката Саманта МекДоналд тврди дека вонземјани ја киднапираат од 1990 година и вели дека и ја бришат меморијата како и дека ја сакаат нејзината енергија и есенцијата на нејзината душа. Таа во едно интервју раскажала за средбите со нив и ги опишала како рептили.
Понекогаш не можете да се сетите на киднапирањето бидејќи ви недостасува дел од меморијата. Само чувствувате дека сте биле некаде, но не можете да се сетите каде – рекла Саманта.
Таа ги одбива сомнежите дека киднапирањата се всушност соништа и вели дека после нив се будела со повреди по телото.
Имав гребаници по телото. Имав траги од убоди и модрци. Бев опседната, во главата ми доаѓаа мисли кои не се мои – рекла Саманта, која вели дека во последната година вонземјаните не ја киднапирале, но дека е подготвена за новата средба.
Погледнете го видеото:

httpv://www.youtube.com/watch?v=1u6y2UvI8Fk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *